Глумицата е спремна за трет брак: „Се веривме, а моите деца мислеа дека тоа е венчавката“

popara8 октомври, 20231min00
o_30752945_1280

Актерката Зoи Дешанел, 43-годишната ѕвезда на хит серијата „New Girl“ и Џонатан Скот, познат како еден од браќата од серијата „Property Brothers“, по четири години врска се свршија во шкотски замок. Актерката ја сподели среќната вест на својот Инстаграм со фотографија на која го покажа дијамантскиот прстен со кој саканиот ја запроси, а сега ги откри и деталите од романтичниот настан, за кој нејзините деца од претходниот брак со колегата Џејкоб Печеник мислеле дека е свадбата на нивната мајка.

„Се веривме во Шкотска затоа што тоа многу му значеше на Џонатан. Иако е роден и израснат во Канада, неговиот татко има шкотско потекло и тоа наследство значи многу за него и неговиот брат близнак Дру, па обајцата носеа традиционални килтови на Свадбата на Дру во 2018 година“, рече актерката и додаде дека во замокот Единбург ги пречекал гитарист ангажиран од нејзиниот партнер.

image

„Тој ја отсвири мојата омилена песна „Harvest Moon“ од Нил Јанг и моите деца развлекоа транспарент на кој пишуваше „Дали ќе се омажиш за мене?““ Во тој момент Џонатан клекна на едното колено, извади кутија за прстен и јас реков да, раскажала Зои Дешанел, по што нејзината 8-годишна ќерка Ајс и 6-годишниот син Чарли истрчале во нивните раце, ја прегрнале и бакнале, честитајќи и што повторно се венчала.

image

„Тие беа сто проценти убедени дека јас и Џонатан веќе сме во брак и ми требаше време да им објаснам дека свадбата допрва доаѓа“, изјави актерката. Таа го запознала својот вереник во 2019 година кога заедно гостувале во шоуто „Carpool Karaoke“ на Џејмс Корден. Потоа им се придружија и нивните браќа – братот близнак на Џонатан, Дру и сестрата на Зои, актерката Емили Дешанел, а четворицата толку добро се сложуваа што повторно се здружија по снимањето и уживаа во караоке во Лос Анџелес. Еден месец по снимањето на шоуто, тие беа фатени како се држат за рака на улица и нивната романса беше разоткриена.

И двајцата веќе имаат бракови зад себе – Зои беше во брак со Џејкоб Печеник, со кој ги има ќерката Елси и синот Чарли. Двајцата се разделија во 2019 година, а официјално се разведоа една година подоцна. Тој брак траеше четири години, една година подолго од нејзиниот прв брак со музичарот Бен Гибард, со кого се омажи во 2009 година, а се разведе во 2012 година.

image

Џонатан, пак, беше во брак со стјуардесата Келси Ули од 2007 до 2013 година, а пред врската со Зои беше со продуцентката Јакинта Кузњецов, со која раскина во 2018 година.

Џејкоб Печеник поднесе барање за развод од Зои Дешанел наведувајќи ги „непомирливите разлики“ еден ден откако во медиумите протекоа првите фотографии од неговата сопруга со нејзиниот нов партнер. Како и да е, поради децата останаа во пријателски односи, а на воспитувањето се посветуваат – заеднички.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma