Глумица Ребел Вилсон завршила во болница по снимање на филм! Се здобила со повреди на лицето

popara7 август, 20231min00
742214_11498627_orig

Актерката Ребел Вилсон се здобила со повреди на лицето откако изведувала акробации за време на снимање на филм.

Ребел објавила слика на која се гледа нејзиното лице во рани, а во таа прилика објаснила дека завршила и со конци.

– Ова не е начинот на кој сакав да го завршам филмот. Три конци и една ноќ во болница по несреќа со каскадер во четири часот наутро – напишала актерката со фотографија на која се гледаат нејзините рани.

Инаку, Ребел работи на новиот филм „Bride Hard“ каде се случила несреќата.

Да потсетиме, актерката се најде во центарот на вниманието на јавноста минатата година кога реши јавно да признае дека е геј.

Како што беше откриено, таа тоа го направила бидејќи била уценувана од новинар од Австралија, кој сакал да ја објави таа информација како негова ексклузивна. Сепак, Ребел не сакала да му дозволи да го направи тоа, па сè открила самата на својот Инстаграм профил.