Голема ВИСТИНА ЗА КАФЕТО: Еве што три или повеќе шолји дневно му прават на вашето тело

popara4 март, 20231min00
676 (2)

Иако многу претходни студии докажаа дека умереното внесување кафе придонесува за нашето здравје и нема да предизвика голема штета, новото истражување откри дека пиењето три или повеќе шолји кафе дневно може сериозно да ги оштети бубрезите.

Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието „JAMA Network Open“, опфатило 1.180 возрасни лица на возраст од 18 до 45 години кои имале нетретирана хипертензија од прв степен, односно висок крвен притисок, пишува „N1“.

Иако студијата траела приближно 16 години, секој од учесниците бил проверуван за време на следењето кое траело седум и пол години.

Во тоа време, оние кои стојат зад студијата, внимавале на хиперфилтрацијата (стапка на гломеруларна филтрација која се смета за повисока од нормалната), албуминурија (премногу албумин во урината) и хипертензија, а сето тоа се вообичаени знаци на бубрежна дисфункција и болести на бубрезите.

Додека ги проучувале резултатите, научниците најпрво забележале дека варијантата rs762551 на генот CYP1A2 е присутна кај околу 50 проценти од учесниците, што значи дека нивните тела не го исфрлаат кофеинот толку брзо како што обично би било.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag