Линдзи Лохан (36) го постигна својот пробив во филмот „The Parent Trap“, како и „Freaky Friday“ и „Confessions of a Teenage Drama Queen“. Статусот на тинејџерски идол го постигна во филмот „Mean Girls“, а кон крајот на 2000-тите беше постојана мета на таблоидите поради нејзиното проблематично однесување.
Имала проблеми со алкохол и дрога, возење во пијана состојба, пријави за кражба.
Се чини дека тој период е зад неа и се чини дека некогашната посрамотена ѕвезда сепак е на вистинскиот пат. Таа потпишала договори за филмови кои ќе бидат објавени на Нетфликс, а можеме и повторно да ја видиме во првите редови на модните ревии.
Таа блесна на ревијата на дизајнерот Кристијан Сириано во интересна креација во боја на цигла.
Да потсетиме, минатата година Линдзи се омажи за финансиерот Бадер Шамас.