Големо летно чистење: Совети како да се ослободите од непотребните парчиња облека и негативната енергија во плакарот

popara20 август, 20231min00
shutterstock1803673534-830x0

Добрата облека е слабата точка на секоја жена и едноставно сакаме кога имаме нови парчиња, но во одреден момент нема да имаме каде да ги складираме.

Затоа е паметно да се чисти тој простор од време на време. Барем еднаш годишно треба да се занимавате со плакарот и облеката во него.

Иако менувањето на облеката, фрлањето на старата и онаа што не ја носите изгледа како голема задача, со следните совети и чекори не мора да биде.

Верувајте, кога ќе го исчистите плакарот и ќе го средите, ќе се чувствувате подобро и поубаво. А покрај тоа ќе имате и организирана и функционална гардероба.

Како да тргнете на тоа патување?

Често ви се случува да не ја најдете вашата омилена кошула или прекрасна блуза што сте ја добиле на подарок бидејќи се е расфрлано во вашиот плакар? Поради ова, трошите премногу енергија. Дури и ако имате само еден час, за тоа време можете да направите голем чекор и да создадете пофункционален простор.

Ако облеката ви „тече“ од плакарот, се будите со „немам што да облечам“, време е за детоксикација на плакарот.

Што ви треба од алатки?

-ќеса за ѓубре
-вакум ќеси за складирање на облека
-торба за работи кои се за на хемиско чистење
-корпа за валкани алишта
-правосмукалка
-молив и хартија (или телефон)
-крпи

Создадете систем

Мора да создадете способност со еден поглед да видите што имате и да одлучите што ви треба и од што можете да се откажете.

Организирајте по делови во плакарот. На пример, почнете со фиоките, па полиците… и така натаму.

Изберете го вашиот стил

Треба да знаете каков стил негувате, односно каква облека сакате да носите за да знаете што ќе фрлите.

На пример, сакате елегантни работи, високи потпетици и слично. Неколку пара тренерки, во тој случај, само ќе заземат простор.

Затоа е важно да се познавате себеси и да разберете каков стил се обидувате да создадете.

Најпрво извадете се од плакарот! Можете да ги ставите сите работи на кревет или на под, во зависност од тоа дали однапред знаете дали повеќето работи ќе одат во перење. И не дозволувајте премногу да размислувате бидејќи ќе се одвлечете од главната цел.

Извлечете ги сите парчиња што не ги носите во моментов, а кои не се во сезона и ставете ги на куп. Проверете го секое парче и одвојте сè што повеќе не е убаво, оштетено или старо. Подредете го сето тоа на страна во една од кесите за ѓубре.

Ако одлучите да се ослободите од парчето облека за кое сте платиле скапо, тргнете ги тие мисли од глава, нема да ви биде полесно.

Сега наидовте на парчиња облека за кои верувате дека повторно ви одговараат, иако сега ви се премали. Не се залажувајте. Нема ништо полошо од тоа да се подготвите за работа наутро и да сфатите дека не можете да ги облечете омилениот пар фармерки – затоа што сте се здебелиле.

Таквата облека само зафаќа простор и остава негативна енергија. Одделете ги во посебна ќеса за друг пат. Пробајте ги повторно за шест месеци, ако сè уште не можете да влезете во нив, тогаш тоа е крајниот показател дека треба да се ослободите од нив.

Исчистете го секој агол од плакарот со крпа и правосмукалка, а потоа почнете да ја враќате сортираната облека во него. Не грижете се ако количината на облека што ја враќате е многу помала од онаа што сте ја извадиле.

Сите алишта кои нема да ги носите до следната сезона, спакувајте ги во вакум кеси и ставете ги под креветот, на таванот или во подрумот.

Исто така, додека го разгледувате секое парче облека, проценете дали има потреба од хемиско чистење и секако одвојте го и тој куп.

На крајот, забележете приближно од кои работи сте се откажале за да можете да ги надоместите во следното шопинг патување и полесно да знаете што ви треба.

Ако ви е жал да ја фрлите старата облека, можете да направите добро дело и да ја дадете во добротворни цели, нема да зажалите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag