Овој брз и вкусен колач со десерт се прави од само три состојки, а подготовката трае буквално 5 минути
Состојки:
250 гр неутрална павлака
2 лажици чоколаден крем
300 гр наполитанки
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака и додадете го чоколадниот крем. Сè соединете со миксер, а потоа поделете ја смесата на четири еднакви делови. Во калапот прво ставете проѕирна фолија, истурете малку од од филот, па израмнете и наредете ги наполитанките. Потоа продолжете вака додека не ги искористите сите состојки, внимавајќи последниот слој да биде фил. Покријте и ставете во замрзнувач два часа. После тоа по желба украсете го колачот со лешници и крем.
Уживајте!