Овие едноставни мини-мафини со цимет се совршен брз појадок кога не сакате да потрошите многу време подготвувајќи ја храната наутро, туку да го искористите максимумот од денот и да уживате во природата.
Овие мафини се подготвуваат за 5 минути, се печат за 10, така што целиот оброк го имате за само 15 минути.
Од една смеса можете да добиете 24 мини-мафини. Доколку имате гости, тогаш направете двојна мерка и воодушевете ги со вкусно уживање.
Состојки:
1 1/3 чаши брашно
1/3 чаша шеќер
1/2 лажичка прашок за пециво
1/4 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
1 јајце
3/4 шолја млеко
2 лажици масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во меѓувреме измешајте ги сите суви состојки. Додадете масло, млеко и јајцето и мешајте додека не се соединат.
Истурете ја смесата во калапи кои сте ги обложиле со хартија и наполнете го секој калап по 2/3, а секој мафин посипете го со мешавина од шеќер и цимет.
Печете на 200 степени 9 до 10 минути.
Уживајте.