Готово за 2 минути,без квасец и чекање да нарасне:Наједноставниот рецепт за тесто за пица што крцка и ги буди сетилата

popara3 октомври, 20231min00
Совршено тесто за пица

Меко,воздушесто и тенко -ова тесто е рецепт за вистинските љубители на пица.

Колку пати ви се случило да јадете пица и да ги имате сите состојки во фрижидер освен главната – тестото. Се откажувате да правите затоа што мразите да одите во продавница.Во такви ситуации,домашното тесто за пица е одлично решение,но потоа доаѓа прашањето,кој ќе меси, кој ќе чека да стаса.Сепак, постои еден рецепт кој е толку едноставен што дури и ако никогаш не сте замесиле ништо,функционира.

Затоа, без да губиме време,еве кои состојки се потребни за да се подготви совршеното тесто за пица.

Состојки:

1 чаша јогурт
2 чаши брашно
2 лажици масло
половина кесичка прашок за пециво
сол по вкус

Подготовка:

Во поголем сад истурете го просеаното брашно,додајте прашок за пециво,сол, јогурт и масло,па соединете ги сите состојки и замесете тесто.

Тестото развлечете го со сукало и ставете го во плех,па премачкајте го со кечап или пелате,наредете ја исечканата шунка, ставете павлака,сечкани црни маслинки,домати,оригано и рендано сирење,па печете на 200 степени околу петнаесет минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma