Го забрзува растот: Како да го користите зелениот чај за нега на косата?

popara8 март, 20231min00
Screenshot_8

 

Зелен-иот чај е надалеку познат по неговите бенефити врз здравјето на луѓето. И е преполн со антиоксиданти кои се борат против слободните радикали, го прекинуваат размножувањето на бактериите и продуцираат флавоноиди. Кои се борат против ракот. Одделот за дерматологија при Националниот универзитет по медицина во Сеул известува дека зелениот чај исто така може да помогне во растот на коса. Треба да потенцираме дека зелениот чај и екстрактите од зелен чај не се евалуирани од FDA. И не се сметаат за лек или третман за било која состојба или болест. Доколку сте соочени со прекумерно опаѓање на косата или особено спор раст на косата, консултирајте се со стручни лица – доктори трихолози.

 

 

 

ГИ СТИМУЛИРА ФОЛИКУЛИТЕ НА ВЛАКНАТА

Според одредени студии направени од Корејските научници во 2007, епигалокатехин-3-галат (EGCG) , најзначајниот катехин кој се наоѓа во зелениот чај промовира раст на фоликулите. И ги стимулира клетките на дермалната папила да ја зголеми продукцијата на влакна. Исто така, зелениот чај го забрзува метаболизмот. Побрз метаболизам може да го зголеми растот на косата.

 

ПОЦВРСТА КОСА

Зелениот чај е добар извор на пантенол. Кој често се користи во шампоните и кондиционерите за зацврстување на косата и за справување со расцветаните врвови. Пантенолот, заедно со другите антиоксиданти од зелениот чај може да помогнат вашата коса да биде зајакната и здрава.

 

АНТИОКСИДАНТИ

Зелениот чај содржи висока концентрација на моќни оксиданти познати како полифеноли. Тие ја заштитуваат клетката од оштетувањата. Кои ги прават слободните радикали и се познати по тоа што го забавуваат процесот на стареење на клетката. Поради овие особености антиоксидантите го одржуваат здравјето на вашата коса и нејзиниот оптимален раст.

 

ПОТЕНЦИЈАЛЕН РАСТ НА КОСА

Студија спроведена на глушец кој искусил спонтано опаѓање на косата покажала дека зелениот чај има потенцијал да помогне во растот на косата. Многу производи формулирани за стопирање на опаѓањето во својот состав содржат екстракт од зелен чај како состојка која би помогнала во борбата против алопеција. Според Dr. William Rassman лекар и член на Американската асоцијација за опаѓање на косата, сеуште не постојат научни студии кои ќе потврдат дека зелениот чај е ефективен кај наследното опаѓање на косата.

 

ПРВУТ

Зелениот чај има потенцијал и за третирање на перутот и прекумерното лупење на скалпот. Се верува дека зелениот чај прави ексфолијација на сувите лушпи кои се формираат кај перутот. Перутот е многу честа состојба на скалпот и покрај тоа што е потребно спроведување на понатамошни истражувања, зелениот чај може да биде ефективен во третирање на перутот

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag