Правилото 10-3-2-1-0 може да ја победи несоницата.
Само треба да ги следите овие пет чекори:
Десет часа пред спиење, треба да избегнувате консумирање кофеин. Покрај кафето и чајот, кофеинот го има и во чоколадото, газираните и енергетските пијалоци.
Вториот чекор е да кажете „не“ на алкохол или храна три часа пред спиење.
Третото правило вели дека нема работа два часа пред спиење. Без разлика на обврските, треба да се опуштите пред спиење и 120 минути пред тоа.
Четвртиот чекор е: еден час пред да планирате да заспиете, исклучете ги сите уреди, ТВ, компјутер, мобилни телефони, бидејќи тие го стимулираат мозокот и наместо да го подготвуваат за спиење, го држат буден.
Чекор пет: не го одложувајте алармот, ниту за секунда, ова ја нарушува фазата на РЕМ спиење. Откако ќе го наместите алармoт, немојте да го поместувате.