Го одбивале, сакал да се повлече, а сега е еден од најбараните актери на светот

popara16 април, 20231min00
profimedia-0743659904-1-830x0

Педро Паскал е еден од најбараните и најпопуларните светски актери. Сепак, патот до успехот не бил воопшто лесен.

Тој призна дека сакал да ја напушти актерската кариера по години одбивање на кастинзите.

Во новото интервју, Педро Паскал дава увид во неговата тековна борба да заработи за живот како актер и објаснува како бил блиску до откажување од глумата пред да добие некои од неговите најголеми улоги.

– Навистина ме скршија – рекол Педро Паскал за Esquire, зборувајќи за времето кога работел како келнер во деведесеттите. За тоа време, тој бил на аудиции за бројни улоги во ТВ серии и реклами, иако малку од нив се оствариле.

– Толку пати умрев – рекол Паскал.

Актерката Сара Полсон објасни како го поддржувала Паскал додека тој се борел да се прослави.

– Имаше моменти кога му давав дневница од работата на која работев за да има пари да се прехрани – рекла актерката.

И Педро Паскал размислувал повеќе да не глуми.

– Мојата визија беше дека ако немав некоја голема експозиција до 29-та година, време е да продолжам понатаму – рекол актерот и додал:

– Имав момент на размислување: „Имаш четириесет и немаш куќа? Порасни…“ Имаше толку многу добри причини да се напушти таа заблуда – рекол Паскал.

Во моментов, чилеанскиот актер е едно од најголемите имиња во Холивуд и глуми во две хит ТВ серии: „The Mandalorian“ и „The Last Of Us“. Тој исто така се појави во четвртата сезона на „Game of Thrones“ како Оберин Мартел и глумеше заедно со Николас Кејџ во филмот „The Unbearable Weight of Massive Talent“ од 2022 година, според NME.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma