Ѕвездата на „Одмаздници“ помина повеќе од две недели во болница откако над него се преврте џиновско возило тешко шест тони додека тој чистеше снег.
Актерот Џереми Ренер во несреќата скрши „над 30 коски“.
Ренер беше повреден додека се обидуваше да се качи на машината за чистење снег за да ја сопре.
Актерот Џереми Ренер, можеби најпознат од универзумот на Марвел, во саботата изјави дека скршил повеќе од 30 коски кога неговата сопствена машина го прегазила во неговиот дом во Невада на Нова година.
„Овие 30 плус скршени коски ќе се поправат, ќе станат посилни, исто како што се продлабочуваат љубовта и врската со семејството и пријателите“, напиша 52-годишникот.
Тој објави фотографија на која лежи на кревет, со рацете склопени преку градите, додека маж ја држи ногата свиткана во коленото.
„Утрински тренинг, резолуциите се сменија оваа нова година“, напиша Ренер.
Тој беше евакуиран со хеликоптер, а подоцна објави селфи од болничкиот кревет, на кое се гледаат тешки модринки на лицето.
Официјалните лица набргу по несреќата рекоа дека нема индикации дека станува збор за алкохол или дрога.
Ренер двапати беше номиниран за Оскар за неговите улоги во филмовите „Катанец за болка“ и „Град на крадците“. Тој исто така глуми во серијата Paramount+, „Градоначалникот на Кингстаун“.