ГО УДРИЛА, МУ ГО ОШТЕТИЛА МОЗОКОТ И ПОБЕГНАЛА: Познатата актерка на работ на нервен слом, ова се деталите од судењето

popara24 март, 20231min00
Screenshot_5

На познатата актерка Гвинет Палтроу и се суди бидејќи пред неколку години на скијање удрила маж и побегнала.

 

 

 

 

Гвинет Палтроу се нашла во огромен проблем поради инцидент кој се случил пред неколку години, кога на скијање налетала на непознат маж, се судрила со него, а потоа побегнала иако тој бил тешко повреден.

 

Имено, како што изјави пред судот пензионираниот 76-годишен оптичар Тери Сандерсон, во 2016 година скијал на патека за почетници во Парк Сити, Јута. Одеднаш на него налета Гвинет и го удри со разорна сила нанесувајќи му трајни повреди.

 

Актерката одговори со противтужба, а судењето ќе трае осум дена во Јута, каде се случил инцидентот.

 

Сандерсон тој ден скијал на почетничка патека со пријателите, кога неговата идила била прекината од „вресок кој звучел како Кинг Конг да излезе од џунглата“, пренесува Дејли Меил, во детали за судењето.

 

Тоа била, како што рекол Тери Сандерсон, Гвинет Палтроу која скијајќи по истата патека и се покажала речиси исто толку поразителна како Кинг Конг бидејќи изгубила контрола и удрила во 69-годишен маж одзади толку силно што тој бил трајно оштетен со фрактура на мозокот и ребрата. Ова се неговите тврдења кои славната актерка ги демантира.

 

Во судницата Гвинет цело време го криела лицето за да не се фотографира, а како што можете да видите, била многу нервозна и го влечела џемперот. Нејзиниот адвокат потврди дека треба да сведочат и нејзиниот сопруг Бред Фалчук, како и нејзините деца Епл и Мозес кои тој ден биле на скијање со неа. Тој исто така рече дека овој случај може сериозно да ја наруши нејзината репутација, од која се плаши актерката.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma