Овој природен животен процес не е нужно лоша работа.
Дали е вистина дека можете полека да стареете? Секоја дама се труди,како што одминуваат годините,да го одржува своето тело витко,а кожата сјајна и добро негувана.
Понекогаш немаме доволно време да се посветиме на негувањето,па „се опуштаме“,но тоа е голема грешка.Секој од нас треба да усвои мали промени во дотерувањето за убаво и бавно да старее,а со тоа да покажеме дека сме како вино – стануваме се поубави со годините.
Стареењето не мора да биде лоша работа, а со следните совети ќе го разберете тоа.
1. Одржувајте го вашиот крвен притисок нормален
Според Националниот институт за здравје,некои од најважните правила за добро стареење се во ваша контрола.Жените кои му пркоселе на процесот на стареење имаат тајна што не ја кажуваат – се трудат да го одржат својот крвен притисок нормален.
Здравиот начин на живот може да биде силен штит против високиот крвен притисок и да ги спречи штетните ефекти на високиот крвен притисок врз целокупното стареење, пишува „Everything a bode“.
2. Чувајте го вашиот мозок активен
Во неодамнешниот извештај од истражувањето,наодите покажаа дека учењето и активниот ум се високо рангирани кога станува збор за долговечноста.
Затоа,никогаш не престанувајте да учите! Продолжете да читате или слушате подкасти за да дознаете уште повеќе.Постојат дури и игри и апликации за здрава активност на мозокот кои исто така помагаат во одржувањето на менталното здравје.
3. Не јадете често готова храна
Се подразбира дека и внесот на здрава храна е многу важен за секој човек,па затоа не треба често да купувате готова и брза храна.Погрижете се кога ќе се вратите од работа,да имате подготвено нешто дома што би го козумирале на работа следниот ден.
Според Public Health Nutrition,ако некое лице готви домашно зготвени оброци до пет пати неделно,има поголема веројатност да живее подолго за 10 години од оние кои јадат готова храна.
4.Побрзо темпо на пешачење
Ако сакате да останете витки и да го одржувате вашето тело привлечно,одењето со пристојно темпо ќе ја заврши работата. Тајната е во – брзината на одење.Бавното одење може да ве одржува во форма, но ако малку забрзате, верувајте дека тоа ќе ви користи и ќе спречи многу здравствени проблеми.
5. Нанесете ја кремата со фактор и кога нема сонце
Одржувањето на кожата негувана важи и за кожата на лицето.Многу е важно да нанесете крем фактор на лицето дури и кога времето е мрачно и нема сонце.Верувај те,ваквото време е најлошо за вашето лице.