Грајмс откри како таа и Маск ја викаат ќерката: „Сакавме да ја преименуваме, но владата не ни дава“

popara29 март, 20231min00
o_28505633_1280

Нешто повеќе од една година откако доби ќерка со Илон Маск, музичарката Грајмс на својот Твитер профил сподели досега непознати детали за неа. Имено, девојчето се вика Exa Dark Sideræl Musk, но Грајмс откри дека тоа не бил првичниот план и дека не се вика така.

image

„Таа сега е Y или „Why“ („Зошто“) или само „?“, но владата не сака да го препознае тоа. Љубопитност, вечно прашање… И слично“, напиша пејачката веднаш по објавувањето на едно од ретките фотографии од нејзината ќерка. Бебето исто како и нејзината мајка позираше во црвен комбинезон со неонско зелена коса. „Y and C“, напиша Грајмс, која неодамна сподели дека нејзиниот прекар „C“ е упатување на нејзиното име Claire и ознаката за брзина на светлината.

За потсетување, Грајмс и Илон имаат и двегодишен син со необичното име X Æ A-12, кого го нарекуваат – „Х“. Исто така, сопственикот на Тесла со неговата поранешна сопруга Џастин ги има близнаците Грифин и Вивијан и тројката Каи, Дамијана и Саксон, а се шпекулира дека имал близнаци со Шивон Зилис во ноември 2021 година, иако тој тоа никогаш не го потврди.