Овошјето што не го јадеме, рефлексно гo ставаме во замрзнувач затоа што секогаш ни е потребно за сокови, колачиња или колачи. При замрзнување и одмрзнување треба да водиме сметка за неколку основни работи за овие намирници да бидат безбедни за понатамошна употреба.
Првото правило што мора да го знаете е дека никогаш не треба да го замрзнувате веќе еднаш одмрзнатото овошје бидејќи ќе ги изгуби корисните елементи. Исто така, избегнувајте пакувања кои не се наменети за ниски температури. Не ставајте големи количини овошје во една кеса за замрзнување, туку распоредете ги во неколку помали пакувања.