Грешки при шминкање што можат да ве направат ПОСТАРИ: Еве како ПРАВИЛНО СЕ НАНЕСУВА КОРЕКТОР

popara7 август, 20231min00
17061_shutterstock-564561133_f

Повеќето жени не користат коректор за подочници, а тоа е една од најголемите грешки. Дури и ако немате постојано темни кругови под очите, во шминката треба да имате коректор барем за оние денови кога сте поуморни од вообичаено.

Коректорот е корисен и за покривање на старечките дамки, пигментацијата и црвенилото што можеби се појавиле на вашето лице. Благодарение на својата густина, многу подобро ќе ги „избрише“ сите овие несовршености од пудрата.

Модата налага јаболчниците да бидат малку повеќе нагласени, па можете да користите коректор наместо хајлајтер, доволни се неколку точки кои внимателно ќе ги споите со блендирање. Освен на јаболчниците, можете да го нанесете и на самата средина на носот, како и над самиот центар на горната усна.

Кога станува збор за примарната функција на коректорот, тајната на неговата примена е во количината и местото на примена. Со првото не смеете да претерате бидејќи сиот вишок брзо ќе се собере во брчките.

Што се однесува до самото место, најдобро е да се почне од внатрешниот дел на окото, а да се рашири само мала количина со нежно тапкање со врвот на домалиот прст (бидејќи со тој најнежно ќе тапкате на кожата), сè до надворешниот дел. И не само тоа! Многу жени воопшто немаат потреба да нанесуваат коректор на надворешниот агол на окото.

Најтемната кожа најчесто е на внатрешната страна, а дополнително внимание треба да се посвети на внатрешната страна на носот. Често останува темен дел, а можете удобно да нанесете коректор, бидејќи во тој предел речиси и да нема брчки, дури и во подоцнежните години.

Конечно, коректорот секогаш треба да се сетира. За тоа користете ја најфината пудра, можете да користите и безбојна, а пробајте дали повеќе ви одговара четка, сунѓерче или јастуче од кутија за пудра.

Немојте веднаш да се обесхрабрувате ако коректорот „од прва“ не изгледа како што сте замислиле. Потребно е малку вежбање, како и барање на вистинскиот производ за вашата кожа.