Пијте чај или кафе
Помеѓу оброците, пијте чај или кафе, што сакате. Освен што ќе ви го наполнат стомакот со течност, овие пијалоци ќе ви го намалат апетитот и ќе ве спречат да грицкате непотребно, а сето тоа благодарение на кофеинот. Истражувањата покажаа дека кофеинот го стимулира производството на хормони кои создаваат чувство на ситост. Кофеинот од чајот и кафето исто така ќе го зголеми нивото на енергија, па телото нема да бара од вас да го внесувате преку храната.
Користете го мозокот и рацете
Кога сакате да грицкате и не е време за оброк, направете нешто 20 минути што ќе ви го одвлече умот од храната, а таа активност треба да работи и на мозокот и на вашите раце. На пример, читајте, решете крстозбор, составете сложувалка. Доколку и по 20 минути сè уште имате желба за храна, препуштете му се на телото.
Стиснете го увото
Еден од необичните трикови за контрола на апетитот е да го стегнете увото кога сте гладни помеѓу оброците и да го држите 10 секунди. Студија направена во Австралија покажа дека честото стимулирање на оваа точка на ушите е ефикасен метод за намалување на апетитот и губење на тежината.
Одете на прошетка
Кога ве мачи глад, наместо да седнете и да јадете, излезете надвор и шетајте само 15-20 минути. Благодарение на оваа умерена физичка активност се намалува нивото на хормони во организмот, што влијае на зголемување на апетитот. После тоа, нема да чувствувате глад, а ќе бидете полни со енергија. Студијата на англискиот универзитет во Ексетер покажа дека 15-минутната прошетка го намалува грицкањето на работа за околу 50%.
Јадете храна со протеини
Јадете храна која содржи голема количина на здрави протеини, како јајца, пилешко и мисирка, грав, боранија, грашок – тие ќе ве заситат и ќе ви дадат енергија. Вареното јајце содржи голема количина на протеини, а истражувањата покажаа дека може да го контролира апетитот до 36 часа. Млечните производи со малку или без маснотии ќе му обезбедат на телото протеини и ќе го задоволат вашиот глад.
Овесната каша е вистинскиот избор
Идеален оброк е овесната каша, бидејќи го зголемува нивото на хормони кои го регулираат апетитот со намалување на чувството на глад. Богат е со влакна и ќе ве држи сити подолг временски период. Благодарение на ова нема да имате желба за слатки и солени грицки меѓу оброците. Затоа нутриционистите ја препорачуваат како најдобар појадок.