Раскрсницата на Менхетен овековечена на насловната страница на албумот на Beastie Boys „Paul’s Boutique“ официјално е преименувана во плоштадот Beastie Boys.
Пред една деценија, беше започната кампања за именување на областа по бендот, но таа беше одбиена од одборот на заедницата во Њујорк.
Минатата година тогаш беше потврдено дека кампањата конечно успеа и дека плоштадот Beastie Boys ќе стане реалност.
Во саботата (8 септември), им беше оддадена чест на бендот на церемонијата на локацијата, со членовите на бендот Ad-Rock и Mike D присутни, кои и двајцата зборуваа на настанот.
„Ви благодарам (Њујорк) што нè научивте што да гледаме, што да слушаме, што да носиме, како да сакаме, како да живееме. Навистина ме прави среќен што знам дека некое дете на пат кон училиште 50 години од сега ќе погледне нагоре и ќе каже: „Што е тоа Beastie Boys? Зошто го добија плоштадот?“, ѝ рече Ад-Рок на толпата.
„Не можевме да станеме тоа што сме без да пораснеме во Њујорк“, рече Мајк Д, пренесува NME.
Погледнете и снимки од настанот кои беа објавени на социјалната мрежа Х.
Beastie Boys Square@beastieboys #beastieboys #hiphop #nyc pic.twitter.com/SnUg8dqDJx
— Adrian L. Childress (@ALChildress_) September 9, 2023
Live at the Paul’s Boutique party to celebrate the street naming of Beastie Boys Square…!! pic.twitter.com/VoGAnWJfXJ
— Marcus Baram (@mbaram) September 9, 2023
Historic day in NYC!
Beastie Boys Square Unveiling! #BeastieBoys #BeastieBoysSquare
Wow! pic.twitter.com/22E09FLw3N— Gili Getz #SaveMasaferYatta (@giligetz) September 9, 2023