Потребно е:
За тестото
2 компири
100 гр сирење
1 прстофат сол
сол, бибер
Додатоци
1 лажица доматна паста
1 грст свеж беби спанаќ
2-3 чери домати
50 гр рендана моцарела
Подготовка:
Изрендајте ги компирите, а потоа добро исцедете ги преку газа за да се отстрани течноста. Во сад ставете ги ренданите компири, посолете и побиберете. Потоа ставете хартија за печење во плехот за печење, а потоа со шпатула измазнете ја смесата од основата за пица на плехот. Печете 25 минути на 190 степени. На крајот врз тестото ставете ги доматите, додадете ги останатите состојки и печете ја пицата од компири уште пет минути.