Густа супа од моркови која можете да ја зготвите за помалку од половина час!

popara11 јануари, 20231min00
62453103-gusta-juha-od-mrkve

Црвената леќа е добар извор на протеини од растително потекло. Во 100 g сува црвена леќа, ќе најдете околу 10 g протеини и околу 350 калории.

Оваа мешунка има одличен вкус, многу заситува и е одлична основа за кремасти супи. Згора на се, термички се обработува за кратко – ќе бидат доволни само околу 15 минути готвење.

Можете да ја комбинирате со различни видови зеленчук, а особено ќе одговара со моркови. Затоа ви носиме рецепт за густа супа од морков и леќа која можете да ја зготвите за помалку од половина час.

Состојки:

500 гр моркови
150 гр црвена леќа
125 мл растителна замена за кокосово млеко
1 литар супа од зеленчук
1 лажичка ким во прав
прстофат чили во прав
растително масло
сол и бибер по желба

Подготовка:

Во поголемо тенџере загрејте малку масло, па на него пропржете ги ренданите моркови. Зачинете со сол, бибер, чили во прав и ким.

Додадете црвена леќа и покријте сè заедно со супа од зеленчук и замена за растително млеко.

Откако течноста ќе зоврие, варете ја супата околу 15 минути или додека леќата термички не се обработи до крај.

Измешајте ги состојките во мазна, густа супа со рачен миксер.

Послужете веднаш топло. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma