Ѕвездата од сагата „50 Shades of Grey“ има одлично чувство за мода. Колку што сака класичен стил, таа е и за експериментирање. Сега решила да искомбинира неколку трендови, а како основа го земала тексасот.
Судејќи по модните писти и излозите, тексасот се враќа на големо оваа пролет, а Дакота изгледа како да е од насловната страница на некој од престижните модни списанија.
Таа облече тексас фармерки, а непотребно е да се каже дека тоа се панталони со широки ногавици. Им додаде сив џемпер, а се „зачини“ со тексас јакна. Дакота комбинираше две нијанси на тексас, па комбинацијата доби шик шмек.
И малите чанти за рамо стануваат се попопуларни, па една таква е дел од најновиот стајлинг на Дакота.