Дали алкохолот ни помага да спиеме подобро?

popara4 декември, 20231min00
Screenshot_1

Постои прилично распространета легенда дека пиењето неколку чаши пред спиење ви помага да спиете подобро. Но, тоа не одговара на фактите дека алкохолот може толку многу да го наруши сонот што човек може да се разболи од него.

 

 

 

Од друга страна, алкохолот дефинитивно може да помогне да се заспие. Во зависност од тоа со колку чаши пиво, вино или ракија некој се обидел да го „испере“ стресот на крајот од работниот ден, првата половина од ноќта може да се чувствува како коматозна состојба.

 

Алкохолот влегува во крвта преку желудникот и има два начина: оди до црниот дроб и до мозокот. Во мозокот алкохолот најпрво предизвикува ослободување на серотонин и допамин – забележливи се чувствата на награда и релаксација. Алкохолот делува смирувачки и поттикнува сон преку таканаречените невротрансмитери, пишува „Дојче веле“.

 

Сепак, експертот Хелмут Зајц објаснува дека овој процес завршува по околу четири до пет часа. Од тој момент, спиеме значително полошо или дури се будиме.

 

„Тоа е затоа што алкохолот се разложува на ацеталдехид во телото. Ацеталдехидот во мозокот ослободува адреналин и хормонот на стрес кортизол. Сето ова води до будење и често неможност да заспиеме после тоа“, вели Зајц.

 

Лошиот алкохол е уште полош за спиење

Без разлика дали се работи за вино, пиво или ракија – алкохолот што го содржи ни го нарушува сонот. Меѓутоа, неквалитетните алкохолни пијалоци може да ги влошат работите.

 

„Евтиното вино може да содржи дополнителни супстанции како што се ароми, фузелово масла и алкохоли со долг синџир.  Ова може да предизвика гадење и главоболка и да го отежне следниот ден“, вели Зајц.

 

Дозата на алкохол е клучна

Но, дури и најквалитетниот алкохолен пијалок се претвора во токсичен ацеталдехид во телото. Хенрик Остер обаснува дека последователниот наплив на адреналин и кортизол не мора да нè разбуди, туку ги нарушува таканаречените РЕМ фази на спиење. До кој степен – помалку зависи од квалитетот на алкохолот, а повеќе од количината.

 

„Колку е поголема дозата на алкохол, толку е поголемо нарушувањето на фазата на РЕМ спиењето во втората половина од ноќта“, објаснува Хенрик Остер.

 

А кога ќе се достигне тоа ниво на алкохол во крвта, зависи од различни фактори: полот, масата и тежината на телото, празен или полн стомак или дали се земаат некои лекови. Сепак, важи правилото: брзо достигнувате 0,2 промили, обично две чаши вино се доволни.

 

РЕМ спиењето за физичко и ментално здравје

Фазите на РЕМ спиење (фази на спиење со брзо движење на очите) се сметаат за активни фази на спиење. Ние сонуваме и ги движиме не само очите, туку и целото тело. Како и зошто сонуваме – тоа сè уште не е познато.

 

Но, она што е сигурно е дека фазите на РЕМ спиењето се клучни за нашето физичко и ментално здравје. За бебињата, РЕМ спиењето сочинува голем дел од спиењето – што е важно за развојот на мозокот на малечкото. Во текот на овие фази, други делови од мозокот се активираат отколку кога сме будни.

 

„Алкохолот го потиснува РЕМ спиењето“, вели Остер.

 

Луѓето чиј РЕМ сон е редовно нарушен, имаат потешкотии со концентрацијата и проблеми со меморијата.  Според Зајц, спиењето е првото нешто што значително се подобрува кога некој ќе се откаже од алкохолот.

 

„Станувате поопуштени, поизбалансирани и подобро се справувате со денот. И тоа ќе ви се допадне“, објаснува Зајц.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma