Дали би истетовирале ПЕГИ? Тренд по кој лудуваат девојките и за кој настана огромна дебата на Интернет

popara30 октомври, 20231min00
shutterstock1164943987-830x0

Се повеќе се става акцент на најприродниот изглед и шминка, па во чекор со тоа и пегите на лицето заземаа место на листата на трендови и „траги на убавина“.

Оние кои имаат природни пеги веројатно се сметаат себеси за среќни, додека оние кои ги немаат пробуваат различни начини да ги добијат.

На социјалните мрежи, бјути инфлуенсерите почнаа да ги покажуваат најдобрите начини за цртање на овие точки, но мајсторите за тетоважи го искористија овој тренд и отидоа чекор понатаму.

Имено, мајсторите за тетовирање почнаа да покажуваат уште еден, малку потраен начин за добивање на пеги – со тетовирање.

За овој тип на тетоважа се користи посебна техника и специјално мастило, а девојките уште повеќе ги привлекува овој метод на цртање пеги.

Оваа тетоважа се прави според бојата на косата или веѓите, а резултатите можат да траат и до три години.

@theinfinitecuriosity

#duet with @Mary Wicijowska #marywicijowska

♬ like that jack n jack – ᴛᴏᴘᴀᴢᴀᴜᴅɪᴏ

Многу видеа на „TikTok“ станаа вирални, најмногу поради тоа што готовиот резултат од тетоважата изгледа сè освен природно. Додека пак, по неколку дена оваа тетоважа станува нешто по што девојките „лудуваат“.

Иако некои тату артисти покажуваат неверојатен талент и моќ да направат нешто многу природно вакво, коментарите не ја штедат позадината на овој тренд.

-Како дете секогаш ги покривав пегите, бидејќи на училиште ме нарекуваа „изрод“. Сега ова е тренд и кога гледам дека девојките плаќаат да личат на мене, ми е многу полесно. Сепак, мислам дека ова е очајнички потег. „Разбирам“ дека жените плаќаат за поголеми усни и „неприроден“ изглед, но ова ми станува смешно – гласи еден коментар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag