Подобрете го односот со партнерот со неколку совети
Бракот, како и секоја друга заедница, не е лесен. Секогаш мора да се работи, и двете страни да се трудат да ја подобрат врската.
Меѓутоа, ако видите дека доаѓа криза и дека ситуацијата не е баш сјајна, одредени книги можат да ви помогнат да работите на подобар однос.
Многу е важно двајцата да се потрудите, инаку сето ова нема никакво значење, пишува „The classy chapter“.
„Граници во врската“ од Џон Таунсенд и д-р Хенри Клауд е одлична книга за примена на границите во вашиот брак.
„Пет јазици на љубовта“ на Гери Чепмен ќе ви помогне да го разберете јазикот на другиот и како да проговорите на истиот јазик.
„Седумте принципи“ (Џон Готман и Нан Силвер) ќе ви ги отворат очите за работите што би можеле да ги правите подобро во вашиот брак.
„4 годишни времиња на бракот“ е уште една книга на Гери Чепмен која ќе ви помогне да разберете дека сите бракови имаат подеми и падови и тоа е нормално.