Сандалите со врвки изгледаат одлично и се вистинскиот избор кога се во прашање летните обувки.
Во сите прилики се носат сандали со врвки, ја издолжуваат ногата и ја истакнуваат женската силуета.
Тие изгледаат одлично со кратки здолништа, но и со миди здолништа, кои се особено популарни ова лето. Може да се носат и со капри панталони чија должина достигнува половина од листот.
Овие сандали имаат долги и тенки врвки кои се обвиткуваат околу глуждот, а потоа околу ногата, сè до листот.
Со оглед на тоа што изгледаат особено елегантно, станаа вистински моден хит. Ги носат многу познати личности, како во свечени вечерни прилики, така и во опуштени дневни изданија.
Така манекенката Кајли Џенер ги понесе овие сандали во црна боја, со високи потпетици.
Сандалите со врвки ја истакнуваат силуетата на нозете, а целиот аутфит го подигаат на повисоко ниво.
Можете да ги најдете во повеќе модели, од оние со ниски, до модели со високи потпетици или целосно рамни. Доколку ги изберете овие удобни и женствени сандали, сигурно нема да погрешите.