ДАЛИ ВИ СЕ МРСИ КОСАТА? Решете го проблемот со состојки кои веќе ги имате дома

popara18 јануари, 20231min00
Screenshot_13

Хемиските производи за нега на коса често содржат различни агресивни супстанци кои негативно делуваат на кожата на главата, која во случајот со мрсна коса е веќе прилично осетлива на штетните надворешни фактори.

 

 

 

 

Од овие причини подготвивме листа на природни средства кои можат многу да ви помогнат во борбата против мрсната коса:

 

Глина

 

Можете да купите во аптека или продавница за здрава храна. Од глината можете да направите маска за коса што е исклучително корисна бидејќи глината апсорбира и врзува големи количини на масти, па затоа е идеална за борба против мрсна коса.

 

Белка од јајце

 

Ако имате нормална коса, можете да користите цело јајце како маска за коса еднаш месечно. Ако имате сува коса можете да користите жолчка еднаш неделно, а ако имате мрсна коса – користете само белка еднаш во текот на неделата, бидејќи содржи ензими кои ги убиваат бактериите и го отстрануваат вишокот на масти.

 

Јаболков оцет

 

Измешајте 2-3 лажици оцет со еден литар вода и со оваа вода убаво исплакнете ја косата откако ќе ја измиете со шампон и исплакнете. По плакнењето со водата со јаболков оцет не треба да плакнете со вода. Не грижете се бидејќи мирисот на оцет ќе исчезне за кратко време. Оцетот ги уништува бактериите кои предизвикуваат првут и помага против опаѓање на косата, а исто така придонесува за сјај на косата.

 

Црн чај

 

Мрсната коса може да се плакне и со разреден црн чај бидејќи тој ги собира порите и го спречува мрсењето на косата.

 

Сода бикарбона

 

Содата е стар лек не само за мрсна коса, но исто така и против опаѓање на косата, против првут и габични инфекции. Едноставно додадете една кесичка сода бикарбона во вашиот шампон, убаво протресете и мијте ја косата најнормално.

 

Коприва

 

Копривата е исклучително делотворна за косата. Во случај на мрсна коса можете да ја користите во форма на чај со кој ќе ја плакнете косата по редовното миење со шампон. Правете го ова редовно и резултатите нема да изостанат.

 

Јогурт

 

Направете маска од 5 лажици јогурт, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица свежо исцеден сок од лимон. Ова е познат народен рецепт кој се покажал како многу ефикасен во регулирањето на маснотијата на кожата на главата.

 

Масло од кантарион

 

Делува исто како и маслото од рузмарин масло, што е идеално за борба против мрсна коса – го регулира лачењето на себум, а освен тоа и ја храни и негува косата.

 

Прашок за пециво

 

Измешајте убаво една лажичка прашок за пециво и една шолја вода да се раствори пецивото и потоа нанесете ја оваа течност на главата со триење со прстите како масажа. По примената на овој домашен шампон исплакнете ја косата со еден литар вода во кој сте ставиле половина чаша јаболков оцет.

 

Пантенол

 

Воден раствор на пантенол може да се купи во аптека. Тој е ефикасен во борбата против мрсна коса, но исто така и ја зајакнува косата, бидејќи пантотенската киселина (витамин Б5) ја одржува правилната функција на кожата на главата и ја поттикнува нејзината регенерација.

 

Нане

 

Ова е исто така познат народен лек. Се ставаат две шаки свежо нане во три децилитри вода да се варат околу 20 минути. Потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Кога ќе се олади измешајте го со шампон и измијте ја косата.

 

Исто така, најдобро ќе биде да не користите регенератор бидејќи тој дополнително ја масти косата, а наместо него да користите сок од лимон или оцет.

 

Главниот принцип за мрсна коса е што помалку – толку подобро!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma