Дали ги перете ПЕШКИРИТЕ ЗА ПЛАЖА КОГА СТЕ НА ЛЕТУВАЊЕ? Експерт објаснува колку често треба да го правиме ова за да го НАМАЛИМЕ РИЗИКОТ ОД ИНФЕКЦИИ

popara28 јуни, 20231min00
9327a49610b3612d3d81dd44ec2bb22846a03596

Ако не ги перете пешкирите за плажа додека сте на одмор, правите голема грешка

Дали носите една крпа за плажа или имате резервна? Ако носите само една, дали ја перете додека сте на море? Пешкирот за плажа зазема многу простор во куферот, па речиси сите се обидуваат да го „протуркаат“ целото летување со еден.

Ретки се оние кои размислуваат за перење на пешкирите за плажа, најчесто се сведува на нивно сушење после плажа.

Меѓутоа, ако не го измиете ниту еднаш, ќе стане идеална почва за бактерии. Енџи Хатис, менаџер за контрола на инфекции за „Tidelands Health“, верува дека најбезбедниот начин да се минимизира ризикот од инфекција е да се пере пешкирот после секој ден на плажа.

Доволно е да го потопите во топла вода со детергент и да го исушите на сонце. Доколку не сте во можност да го направите ова, се препорачува да го исушите пешкирот на ветровито место и на сонце. Брзо ќе се исуши, што значи дека бактериите нема да успеат да се размножат во голем број.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag