Веќе знаеме дека TikTok брзо го замени Instagram во однос на советите за убавина, а сега едно видео стана вирално за многу кратко време со навистина добра причина. Тоа е многу едноставен трик за како да нанесете молив и кармин на усните за помалку од една минута, а да изгледаат беспрекорно на вашите усни!
Трикот е повеќе од едноставен и се состои во тоа што прво цврсто ќе ги притиснете усните за да се видат само надворешните линии, потоа земете молив за усни и исцртајте ги рабовите, а потоа поминете преку наборите на горната и долната усна.
Кога ќе го направите тоа, време е за следниот чекор, а тоа е сјај или кармин, важно е само да користите апликатор за да ја нанесете бојата на вашите цврсто притиснати усни. Тријте ги усните за убаво да го размачкате карминот и погледнете ја магијата на дело!
На вас драги дами останува само да ја изберете бојата, светло црвена, беж, манго….бидете слободни и експериментирајте со кармините и моливите и оваа одлична техника која ги полуде девојките ширум светот!
@natviolette