Ќерката на поранешната двојка Кортни Кардашијан-Баркер и Скот Дисик, Пенелопе Дисик ја покажа својата рутина за нега на кожата на социјалната мрежа TikTok. Имено, на профилот Kourtney-Penelope, кој го споделува со нејзината мајка, Пенелопе откри како изгледа нејзината подготовка на кожата за шминка.
11-годишното девојче покажа дека користи Drunk Elephant и Honest Beauty производи, односно хидратантна крема и масло за лице. Нејзиното откритие за негата на лицето предизвика лавина од коментари, а многумина мислеа дека Пенелопе е премлада за да има таква рутина за нега.
@pandkourt Do my make up with me
Дерматологот д-р Брук Џефи, сопственик на брендот за убавина BTWN специјализиран за тинејџерска козметика, се приклучи на дискусијата. Џефи нагласи дека на Пенелопе како 11-годишна не ѝ треба шминка или рутина за нега на кожата што ја имаат возрасните.
„Како мајка и дерматолог, верувам дека суровите хемикалии кои се наоѓаат во производите за убавина наменети за возрасни можат да и наштетат на младата кожа во развој“, објасни таа, додавајќи дека на тинејџерите им се потребни едноставни и нежни производи за кожа. Многу следбеници се согласија со дерматологот, особено што многу од производите на Drunk Elephant содржат ретинол, состојка која треба да се користи со претпазливост и која на 11-годишно дете не му е потребна.
@brookejeffymd Tween skin deserves gentle care, not a pricey, extensive skincare routine! As a mom and derm, I’m here to spill the tea: harsh chemicals aren’t meant for those in-between years. Drunk Elephant products may be fine adult skin but for kiddos, it is definitely not! This skincare line is packed with potent ingredients meant for adults, not young skin.#skincaretrends #teenskincare #dermatologist #derm #tweenskincare #drunkelephant #dermreacts #dermatology
Сепак, ова не е прв пат Пенелопе и Кортни да бидат критикувани во јавноста. Имено, пред неколку години, фановите ја критикуваа Кортни дека ја променила бојата на косата на Пенелопе во црвена, но како што секогаш се случува со кланот Кардашијан-Џенер, имаше и такви на кои им се допадна изгледот на Пенелопе, велејќи и дека изгледа како Ариел од цртаниот филм. “Малата сирена”.
Покрај Пенелопе, Кортни со поранешниот партнер има два сина – 13-годишниот Мејсон и осумгодишниот Рејн, а во ноември оваа година таа и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го добија синот Роки Тринаесет.