Многу е важно да се води сметка за рокот на траење на храната, особено за расипаното месо
Многу домаќинки купуваат месо и го чуваат во замрзнувач. Прашањето е колку долго месото може да остане така замрзнато
Не секое парче месо има ист рок на траење, ниту пак секој вид месо.
Пилешко и мисиркино месо
Цели кокошки и мисирки може да се чуваат во замрзнувач до една година. А ако ги замрзнете нивните парчиња како што се гради, батаци, карабатаци и крилца, тие треба да се искористат во рок од 9 месеци.
Свинско месо
Сировото свинско месо се замрзнува слично како говедското и другото месо. Ако свинското месо го исечете на коцки и го замрзнете, може да се чува 4-6 месеци, а печено 4-12 месеци. Преработеното свинско месо, како сланина, колбаси, виршли, шунка и слично, може да се чува во замрзнувач 1-2 месеци.
Говедско, телешко и јагнешко месо
Кога станува збор за свежото месо, тоа може да трае неколку месеци, во зависност од видот на месото. Сировите парчиња може да се чуваат во замрзнувач од шест до 12 месеци. Котлетите сепак траат помалку поради коските – од 4-6 месеци. Печеното месо може да се замрзне помеѓу четири месеци и една година.
Мелено месо
Без разлика на видот на меленото сирово месо, не треба да се чува во замрзнувач повеќе од 3-4 месеци.
Рок на траење на месото во замрзнувач по видови:
Свинско месо со коски – 4 до 6 месеци
Свинско месо без коски – 4 до 12 месеци
Јагнешко и телешко – 9 месеци
Говедско месо со коски – 4 до 6 месеци
Говедско месо без коски – до 12 месеци
Цело пиле или мисирка – 12 месеци
Парчиња пилешко или мисиркино месо – 9 месеци
Мелено мисиркино или свинско месо – 3 до 4 месеци
Сланина – еден месец
Колбаси – 1 до 2 месеци
Виршли – 1 до 2 месеци