Колку и да се грижите за вашата коса, таа секогаш изгледа мрсно и неубаво. Дали ова сценарио ви звучи познато? Не грижете се, на многу луѓе им се случува истото.
Затоа би било идеално да се примени метод кој е совршен за оние со тенко влакно и мрсен скалп. И, верувале или не, се е во начинот на миење.
Ако го промените, вашите прамени ќе изгледаат многу подобро и дефинитивно нема да изгледаат „безживотно“, туку ќе бидат полни со волумен. Време е да го пробате обратното миење.
Обратно миење
Станува збор за обратно миење на косата кое ветува прамени полни со волумен, а вклучува прво користење регенератор, а потоа шампон. Тоа е спротивно на стандардното миење на косата. Иако изгледа чудно, техниката на обратно миење е испробана и тестирана и има голем број потенцијални придобивки.
Ако прво ја негувате косата, се претпоставува дека вашите прамени полесно ќе ги апсорбираат хранливите и навлажнувачки состојки. Шампонирањето потоа, исто така, помага да се отстрани дел од регенераторот што потенцијално може да ги масти прамените и да ги направи потешки, како што е случајот со стандардното миење на косата. Сето горенаведено може да помогне вашата коса да изгледа посјајна и помека.
Тежина и влага
Процесот е едноставен – прво намокрете ја косата, а потоа нанесете регенератор. Веднаш продолжете со шампонирање, а на крајот добро исплакнете. Оваа техника е идеална за оние со тенка коса и мрсен скалп, бидејќи го отстранува токму тој дел од тежината и влагата на регенераторот пред да започнете со стилизирање. Во случај да имате сува и груба или виткана коса, овој метод не е најидеален, каде што чекорот за кондиционирање е корисен за да се додаде дополнителна влажност.