Време е да научите
Многу жени со задоволство се враќаат на оваа класика, или со фенирање кај фризер или со пеглање на косата дома. Меѓутоа, често грешиме, колку и да изгледа едноставно пеглањето, поради што нашата фризура нема доволно волумен и изгледа безживотно.
Често со пеглата силно ја притискаме косата, што е сосема погрешен потег, иако ни се чини дека поефикасно ќе ја испегламе. Исто така, во брзање избегнуваме да ја делиме на помали прамени, што е пресудно при пеглањето.
Најдобро е да се пегла вака!
Што ви треба?
– фен
– пегла
– лак за зацврстување на косата
– регенератор кој не се измива
Што да направите?
Кога ја миете косата, исцедете колку што можете повеќе вода. Нанесете регенератор кој не се плакне, потоа исчешлајте ја косата.
Брзо просушете ја косата со фен, поминувајќи со врвовите на прстите низ неа, додека 3/4 од вашата коса не се исуши. Доколку имате време, можете да ја оставите да се исуши природно до крај.
Кога косата целосно ќе се исуши, поделете ја на мали, рамномерни делови околу главата. Клучот е да ја поделите на помали прамени.
Важно за волумен: кога ќе поминете со пеглата, не притискајте до крај, туку оставете ја малку отворена, за косата да добие доволно топлина и во исто време да го задржи волуменот.
За крај, можете да ставите малку серум за сјај на вашите дланки (не директно на косата!), а потоа да го нанесете на врвовите.
Завршниот идеален чекор е да ја превртите косата надолу и да ја испрскате со лак; поминете со прстите низ косата за рамномерно да го распоредите лакот. Уживајте во раскошниот волумен!
Совет плус: можете да закачите неколку витлери, почнувајќи од краевите на секој од тие поделени делови на косата, завиткајте ги и прицврстете. По петнаесет минути внимателно извадете ги.