Дали кучињата сонуваат исто како и луѓето? Научниците го имаат одговорот

popara10 декември, 20231min00
b5d353c84409f7452c8a782f45bbe950033fea90

Некои кучиња, додека спијат, брзо ги движат шепите и изгледаат како да бркаат имагинарна мачка. Но, за што навистина сонуваат кучињата? Дали сонуваат за нивната омилена храна или омилена играчка?

Научниците од Харвард конечно најдоа одговор на ова интересно прашање.

Според една неодамнешна студија, кучињата често сонуваат за луѓето за кои се најмногу приврзани, најчесто нивните сопственици. Ова е објаснувањето на д-р Деирдре Барет:

– Луѓето сонуваат за она што најмногу ги загрижува во текот на денот, но во многу нејасна и нелогична форма. Нема причина да се верува дека животните се поинакви. Имајќи предвид дека кучињата можат многу да се врзуваат за луѓето, кучето веројатно сонува за лица и мириси кои го прават среќен. Од друга страна, кучето може да сонува дека прави нешто што ве нервира – објаснува Барет.

Очигледно луѓето не останале рамнодушни кога дознале за ова откритие. Сопствениците на кучиња почнаа да објавуваат фотографии од нивните миленици како спијат придружени со охрабрувачки коментари. Многумина не можеа да ги задржат солзите! Можеме да ги разбереме.

Знаејќи дека вашето куче најмногу ви е посветено, дури и додека спие, може да го стопи и најстуденото срце.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma