Дали ни требаат ПОМАЛКУ калории кога сме ПОСТАРИ?

popara1 ноември, 20231min00
shutterstock104961557-830x0

Кога размислуваме зошто ни е потребна храна, секогаш доаѓаме до две главни причини. Првата е дека ни е неопходна бидејќи со нејзиното согорување ја создаваме енергијата што ни е потребна за живот, а втората е дека содржи макронутриенти и микронутриенти кои се неопходни за нормален развој на бројни физиолошки процеси во нашето тело.

Сепак, многупати сме слушнале дека како што старееме, ни требаат се помалку калории. Дали е тоа точно?

Најважниот фактор кој одредува колку калории ни се потребни (а со тоа и колку храна ни треба) е големината на нашето тело. Општо земено, на поголемите луѓе им требаат повеќе калории за да ги одржат основните телесни функции, ако сме помали ќе ни требаат помалку калории. Ова е и главната причина зошто на жените им требаат помалку калории од мажите, едноставно затоа што жените се помали од мажите. Но, постои уште еден фактор кој е значаен. Тоа е возраста.

Ако се земе предвид само големината на телото, ќе дојдеме до заклучок дека на бебињата и на децата им треба многу помалку калории од возрасните. Но, ако ја разгледаме потребата за калории во однос на големината на телото, ќе видиме дека потрошувачката на калории по килограм телесна тежина е значително поголема кај бебињата и децата отколку кај возрасните. Што е очекувано и нормално, бидејќи децата се во период на забрзан раст и развој. Значи, покрај големината на телото, многу е важна и возраста.

Постои уште еден значаен фактор, а тоа е физичката активност. На пример, ако имаме човек кој е неактивен и има телесна тежина од 90 килограми, ќе му требаат околу 2.700 калории дневно за нормално да функционира, додека на истиот човек кој има напорен тренинг или некоја тешка физичка активност би му требале околу 3.500 калории на ден. Разликата во калориските потреби е значајна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag