Дали постои емоционално неверство?

popara18 јануари, 20231min00
Screenshot_12

Неверството е лоша работа со големи последици кои најчесто се прекинување на вашата врска или брак. Многумина неверството го сфаќаат како предавство на партнерот. Но дали под изневерување спаѓа само физички контакт и секс? Дали постои и емоционално неверство и дали е еднакво како и она физичкото?

 

 

 

Секојдневно сме во контакт со многу луѓе, комуницираме преку интернет, се среќаваме со колеги на работа, за време на ручек или на кафе. Многу лесно односот со одредена личност од вашето секојдневие може да направи емоционално да го изневерите вашиот партнер.

 

Многу луѓе тврдат дека сè додека не станува збор за секс не е неверство. Но како би се чувствувал вашиот партнер доколку дознае за вашиот однос или начинот на комуникација со колегата од работа? Како би се чувствувале вие доколку сте на негово место?

 

Неверството или аферата се поврзува со интимата, споделувањето тајни и емоционалната енергија која му ја посветувате на одредено лице од вашето секојдневие, а не е вашиот партнер. Најчесто оние кои се вмешани во емоционално неверство го одрекуваат тоа бидејќи така им е полесно и немаат грижа на совест. Се тешат со зборовите: „Па тоа што го имам со него/неа е само пријателство.“

 

Како да знаете дека емоционално го изневерувате вашиот партнер?

  • Повеќето средби со третата личност се одржани без да знае вашиот партнер.
  • Сè почесто одвојувате време за да имате не само деловни, туку и приватни разговори со личноста.
  • Започнувате да делите интимни тајни и детали, дури и оние кои не сте ги кажале на вашиот партнер.
  • Станувате свесни дека не би сакале вашиот партнер да види како се однесувате додека сте заедно со третата личност.

 

Повеќето луѓе не влетуваат во таквиот однос со намера да имаат афера, тоа едноставно се случува кога и двете страни ќе се зближат. Почнувате сè повеќе да се интересирате за неговиот/нејзиниот живот, откривате детали за вашиот, ви се допаѓа кога сте со таа личност, дури и станувате зависни од вашите разговори и од начинот на кој се чувствувате додека разговарате. Колку повеќе се приврзувате, толку повеќе расте привлечноста и се зголемува можноста да дојде до сексуален однос со таа личност.

 

Што треба да се запрашате доколку не сте сигурни дали сте вмешани во емоционално неверство?

  • Дали избегнувате да му кажете на вашиот партнер колку време сте поминале со другото лице во текот на денот?
  • Дали на личноста ѝ откривате детали за вашиот живот, дури и зборувате за несогласувањата со вашиот партнер?
  • Дали се грижите за вашиот изглед и впечатокот кој го оставате додека сте со него/неа?
  • Има ли сексуална привлечност меѓу вас?
  • Би имале ли грижа на совест доколку вашиот партнер ве види заедно?

Ако одговоривте со ДА на две или повеќе прашања од горенаведенте, повлечете се навреме, вие емоционално го изневерувате вашиот партнер!

 

Многу е лесно да се впуштите во ваков вид неверство. Некогаш и најнаивната потреба да разговарате со некого и да споделите нешто што ве мачи може да ве донесе до емоционално неверство. Многу вакви афери започнуваат преку интернет или на работните места.

 

Како да се заштитите себеси од започнување ваков однос?

  • Не флертувајте! Тоа носи топли чувства на привлечност кои секогаш резултираат со неверство, емоционално или физичко.
  • Особено внимавајте на комуникацијата со колегите на работа или со пријателите на социјалните мрежи.
  • Обрнете внимание на вашиот однос со партнерот. Доколку имате некои несогласувања вие сте поранливи и подложни на неверство.
  • Одбегнувајте средби насамо со колеги или стари пријатели. Кога имате можност вклучете повеќе личности.
  • Не поминувајте многу време со личности кои изневеруваат и не се срамат да го признаат тоа, со нивните ставови лесно може да потпаднете под влијание.

 

Што да правите доколку веќе сте вмешани во ваков однос со некого?

  • Мора да го прекинете тој однос. И не со намера да останете пријатели, туку да прекинете секаква комуникација, освен доколку сте приморани да работите заедно, тогаш држете се до строго професионален однос.
  • Преземете одговорност. Самите сте влегле во таков однос, не барајте ја вината кај друг.
  • За да ја спасите вашата врска и да одбегнете слични појави во иднина, запрашајте се зошто сте го направиле тоа? Дали поради несогласувања со партнерот, кавги, низок процент на самодоверба и сл.
  • Ценете го вашиот партнер. Бидете искрени и отворени, подобрете ја комуникацијата и најдете начини да ја вратите возбудата во вашата врска или брак.
  • Доколку вашиот парнер дознал за вашиот однос со другото лице, бидете искрени. Доколку не сакате да го изгубите кажете му го тоа и дајте му време да ја прифати ситуацијата.

 

Факт е дека емоционалното неверство постои. Да се има афера со некого не претставува само секс, туку и начинот на комуникација, честите средби, тајните и деталите за вашиот живот кои ги откривате. Премногу близок однос со пријател или колега, или редовна комуникација преку интернет, може да ѝ наштети на вашата врска. Доколку имате емоционална афера, пред сè не залажувајте се, бидете искрени кон себеси, бидете свесни дека мора да ја прекинете и дека емоционалното неверство се важи исто како и физичкото.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma