И покрај фактот дека реалноста е нешто поразлична од детската фантазија, научниците докажаа дека љубовта на прв поглед … навистина постои!
„Се заљубија и живееја среќно до крајот на животот…“ – за тоа сонува секоја девојка длабоко во себе. Добри вести – тоа е сосема можно. По бројните студии на оваа тема, научниците објаснуваат како и зошто настанува љубов на прв поглед.
Тажно е да се признае, но сепак таа љубов е врзана само за хемија. Во мозокот при визуелен контакт со „предметот“ доаѓа до „стимуланс“ и активирање на 12 лобуси на мозокот кои предизвикуваат производство на голем број хормони меѓу кои и адреналин кој предизвикува треперење на колената.
Патем, целиот момент во кој „летаат стрели на Купидон“ трае не повеќе од 5 милисекунди. Останува само да дознаеме зошто се јавува таква реакција. Овде мислењата веќе се разминуваат.
Постојат теории дека се заљубуваме во личност со која потсвесно сме воспоставиле генетска компатибилност за раѓање. Постои и теорија дека мирисот привлекува, што е исто така добра работа. Но, постои уште поедноставна верзија: бараме партнери со карактеристики слични на нашите. Несвесно бараме партнери кои се слични на нашите родители, без разлика на нашиот однос со нив.
Сепак, потребно е уште еднаш да потсетиме дека овие ненадејни чувства не се љубов, туку момент на страст. Сепак, може да послужи како одлична основа за градење силна врска и вистинска љубов.