Ако сте од оние луѓе кои често држат диета, а сепак не можат да ослабат, треба да знаете дека постојат лоши навики кои треба да ги промените за да успеете.
Личниот тренер, Викторија Брејди, споделува пет лоши навики од кои треба да се откажете што побрзо ако сакате да го забрзате напредокот во слабеењето.
Јадете без размислување
Според Викторија, јадењето се што ни доаѓа при рака дефинитивно го попречува напредокот во слабеењето. Зошто? Неводењето евиденција за внесот на калории може да доведе до прејадување.
– Без разлика дали се смета за „здрава“ храна или не, премногу од се може да биде лошо. Наместо тоа, практикувајте контрола на порциите за да можете да следите колку калории внесувате во текот на денот и да го минимизирате прејадувањето, истакна таа.
Прескокнувате оброци
Прескокнувањето на оброците го става вашето тело во „режим на преживување“, објаснува Брејди, што значи да се држите до внесот на калории за да заштедите енергија.
– Покрај тоа, гладот прави поголема веројатност да направите лош избор на храна, како што е одење во ресторан за брза храна, бидејќи тоа е најбрзата опција за оброк – додава таа.
Пијалоците имаат калории
Без разлика дали пиете овошен сок или чаша вино, имајте на ум дека пијалоците можат да бидат исполнети со дополнителни калории.
– Многу луѓе не сфаќаат колку калории имаат повеќето пијалоци, заедно со многу шеќер кој се додава за да им се подобри вкусот. Не само што премногу шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина, туку и пиењето алкохол, особено, може да го забави вашиот метаболизам, вели таа.
Не се одмарате доволно
Не ја потценувајте моќта на добар ноќен одмор и закрепнување после тренинг. Колку повеќе го намалувате одморот, толку е поголема веројатноста да накачите вишок килограми.
„Вашето тело не може да се опорави, го нарушува вашиот хормонален баланс и го активира апетитот, бидејќи телото има тенденција да копнее за јаглени хидрати и висококалорична храна кога е лишено од сон“, вели Брејди.
Важно е да се напомене дека деновите за одмор се клучни и ако тренирате премногу, можете да го зголемите ризикот од повреда.
Важно е да вежбате
Вежбањето е клучно во секоја програма за слабеење, но треба да постои здрава рамнотежа помеѓу вежбањето и исхраната како приоритет, бидејќи нема да можете да ја „надвежбате лошата храна“.
– Овде влегува во игра правилото 80/20 за слабеење. Осумдесет проценти од губењето на тежината се заснова на она што го јадете, додека другите 20 проценти се засноваат на она што го правите, т.е. вежбањето – објасни Викторија.