Умереноста го следи секој сегмент од животот, вклучувајќи го и тренингот. Неодењето на тренинзи и пречестото тренирање одат од крајност во крајност, па затоа е подобро да најдете средина што ќе ви го даде она што навистина го сакате.
Дали претераното тренирање повеќе негативно влијае отколку што помага?
Прекумерниот тренинг е проблем кога телото не добива доволно квалитетен одмор по напорен тренинг. Тоа често се случува кога се обидуваме да постигнеме извонредни резултати во кратко време, но сепак тоа резултира со нешто лошо. Може да има здравствени последици, кои секако ќе избришат многу добри работи кои ги ноат тренинзите.
Затоа треба да внимавате – ги разбираме брзањето и желбата да правите што е можно повеќе, но често тогаш вежбата не ја правите правилно и претерувате. Добро е да имате мотивација, но погрижете се да не ви треба повеќе енергија за да станете од кревет следното утро по напорна сесија.
Неурамнотежена тежина и апетит
Прекумерниот тренинг, без разлика дали се обидувате да изгубите тежина или да стекнете мускулна маса, може да доведе до големи несакани ефекти. Бидејќи вашето тело е претерано напрегнато, балансот меѓу вашата исхрана, апетитот и тежината може да се разниша. Со оглед на тоа што вашето тело е под постојан стрес, без соодветно закрепнување и релаксација, тоа преминува во режим на гладување, зголемувајќи ја заштедата на енергија – што се претвора во повеќе маснотии што се складираат на вашето тело.
Поголем ризик за срцеви мани
Прекумерниот тренинг го зголемува пулсот и веројатно ќе откриете дека е поголем за 10-15 отчукувања во минута. Овие промени можат да го зголемат ризикот од аритмија и срцеви заболувања, а некои студии покажуваат дека голем број луѓе со срцеви проблеми се луѓе кои претерано вежбаат.
Нервоза и несоница
Вежбањето ни дава голема самодоверба. Често луѓето кои тренираат велат дека нема поубаво чувство од тоа после добро завршен тренинг. Сепак, премногу интензивниот тренинг може да го предизвика токму спротивното. Се чувствувате нервозно, празно и напнато. А наместо задоволство, после тренинг следува лош замор.
Постои поголем ризик од нарушувања на спиењето и несоница кај луѓето кои претерано вежбаат. Не само што процесот на резултати е запрен, туку и вашиот социјален живот.
За среќа, не треба да се грижите доколку се случи некоја од наведените последици, бидејќи тоа е само показател дека нешто не правите како што треба. Сè што треба да направите е да го регулирате времето за тренирање и како го правите.