Дали сакаше да го изнервира или има нешто повеќе од тоа?Бред Пит откри каков однос има Анџелина Џоли со рускиот богаташ

popara1 ноември, 20231min00
Бред Пит и Анџелина Џоли

Благодарение на еден мејл можете да видите каков однос имале актерката и баронот на вотката.Познатиот пар Анџелина Џоли и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит долго време важеа за еден од најубавите холивудски парови.Сепак,двајцата решиле да се разделат,а сето тоа кулминирало откако морале да го поделат заедничкиот имот.

Оттогаш,нивните имиња ги исполнуваа колумните со написи во весниците, а Бред не се двоумеше да и ги открие на јавноста информациите до кои дошол за неговата поранешна сопруга,а се однесуваат на нејзиното блиско пријателство со рускиот олигарх Јуриј Шефлер.

Шефлер во медиумите беше претставен како човекот кој го започна заговорот со Анџелина против Бред Пит.

Овие тврдења ги изнел самиот Бред откако дошол до е-пошта испратена до актерката од самиот бизнисмен.Во него Шефлер ја поканува Џоли да преноќи во неговиот шкотски замок,што може да се протолкува како нешто повеќе од пријателство меѓу нив.

Шефлер и рекла на Анџелина Џоли дека треба да го посети на имотот Тулчан во Шкотска,неколку месеци откако му ја продала својата половина од лозјето што го имала со Бред Пит,пишува „Дејли мејл“.

 

Со тој потег започна војна меѓу поранешните сопружници,која се уште трае.Откако Џоли го продаде својот удел на Шефлер во Шато Миравал француската винарија  во октомври 2021 година, Пит ја тужеше за прекршување на договорот и оттогаш ја обвини компанијата на Шефлер дека е непријателска кон производството во кое тој вложил многу пари,време и љубов.

Судската постапка е во тек,а Бред на едно од судењата презентираше докази кои покажаа дека врската меѓу Анџелина и Шефлер е многу силна.Од друга страна,баронот на вотката го обвинува Пит дека се обидел да ја „саботира“ нивната врска и деловен однос.

Бред ја добил својата е-пошта од 25 мај 2022 година,во која Шефлер ѝ ставил до знаење на убавата актерка дека е секогаш тука за неа во секоја ситуација.

Тој ја поканува неа и нејзините шест деца во неговиот замок и ѝ кажува на Анџелина да контактира со него ако некогаш и треба неговата помош,што изгледа дека Бред го направи уште понесреќен.

Не е познато дали актерката некогаш отишла на одмор во замокот.

Да потсетиме,Анџелина и Бред во 2008 година купија лозје на југот на Франција за околу 27 милиони долари.Тие беа рамноправни сопственици на имотот и фабриката за вино се додека не се разведоа во 2016 година.

После 5 години,Анџелина се решава да го продаде својот дел од лозјето на винската дивизија на групацијата Stol,во сопственост на рускиот бизнисмен Шефлер,за 67 милиони долари.

Таа воопшто не го известила Бред Пит за оваа продажба,што тој го протолкува како напад на неговиот бизнис и обид да го уништи неговиот деловен углед и да ја поткопа работата на винаријата.

– Бред изгради многу успешен семеен бизнис преку значителни финансиски инвестиции и долгогодишна напорна работа. Следствено,Миравал значително порасна во вредноста од 2008 година и сега вреди стотици милиони долари. Анџелина продолжи,а потоа ја направи наводната продажба во тајност,намерно држејќи го Бред во темнина и свесно кршејќи ги неговите договорни права – напишаа тогаш адвокатите на Пит.

Преписката меѓу Џоли и Бред Пит беше објавена во медиумите во кои таа наводно напишала дека сака да го продаде својот удел во компанијата затоа што „не сака да се занимава со бизнис со алкохол или пак да го посети местото што го означи почетокот на крајот на нивното семејство“.

Пит планираше да ги купи акциите од неа,но откако таа одби да потпише договор за необјавување со кој ја спречуваше јавно да зборува за нивната злогласна авионска борба,преговорите пропаднаа.

Во својата тужба,Пит тврдеше дека таа се откажала од нивниот договор бидејќи била лута поради одлуката за старателство во која биле вклучени нивните деца и дека дознал дека таа ги продала своите акции на Групацијата Stol преку медиумите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma