ДАЛИ СЕ СЛАБЕ ЗА ВРЕМЕ НА МАСТУРБАЦИЈА? Еве како тоа влијае на телото: Кога добро ќе се препотите КАЛОРИИТЕ исчезнуваат

popara8 септември, 20231min00
masturbacija

Погледнете како мастурбацијата влијае на човекот и дали со нејзина помош можете да ослабете!

Мастурбирањето во нормални граници може да има многу корисни аспекти за една личност, од зајакнување на имунитетот до подобрување на самодовербата. Некои дури се потат додека си играат, што може да изгледа како некој вид вежбање. Тогаш се поставува природно прашање – дали можете да изгубите тежина со мастурбирањето?

Факт е дека со секое движење на телото се губат одредени калории. Со мастурбирање дефинитивно ќе согорите одреден број калории, повеќе од лежење и гледање телевизија. Сепак, никогаш не може да ја замени физичката активност, како што е теретана или прошетка надвор.

Со интимните односи, тоа е сосема друга приказна. Едно истражување покажува дека можете да согорите околу 4,2 калории во минута за време на акцијата во кревет, додека за време на вежбање со висок интензитет тој број е 9,2 калории.

Според гинекологот Наталија Давиденко, за време на оргазмот, телото на жената согорува до 400 калории, а контракциите на интимните мускули помагаат тие да се одржуваат во добра форма.

Бројот на калории што ги согорувате за време на интимниот чин зависи од неколку фактори. На тоа влијае позата, колку трае односот, но и колку сте активни во него. Научниците од Универзитетот во Монтерал откриле дека мажите согоруваат во просек 100 калории, а жените 69 за време на водењето љубов.

Значи, одговорот е дека самозадоволувањето не ви помага во слабеењето, но дефинитивно можете да согорите некои калории со него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma