Дали се храните здраво и вежбате, но не губите килограми? Доктор предупредува на вообичаена грешка – Повеќето луѓе занемаруваат една важна работа

popara21 април, 20231min00
a1d900f9fb1fe0d2141518385a32d04f6b5119e6

Ако сакате да ги изгубите вишокот килограми, обрнете внимание на една работа

Токму во овој период повеќето почнуваат да ја корегираат исхраната и почнуваат да тренираат. Доколку и вие сакате да изгледате совршено во вашата летна гардероба и костим за капење и сте го започнале процесот на слабеење, мора да обрнете внимание на една работа.

Докторот Мајкл Мозли нагласува дека многу луѓе не обрнуваат внимание на пијалоците што ги консумираат, а кои можат да бидат калорични.

„Доколку се храните здраво, редовно вежбате и се грижите за вашето здравје, а вашата тежина не се менува, има добра причина за тоа. Кафето, алкохолот и овошните сокови влијаат на вашиот процес на слабеење“, објасни доктор Мозли.

Тоа не значи дека треба целосно да се откажете од овие пијалоци, туку дека треба да најдете соодветни замени за нив и да бидете умерени во нивното консумирање. Висококалоричното кафе кафе со млеко (капучино или лате) заменете го со домашно кафе. Наместо сокови од продавница, подобро е да пиете домашни сокови.

„Алкохолот е исто така нешто на кое треба да се внимава бидејќи многумина често забораваат колку може да биде богат со калории и јаглехидрати. Доказите се јасни – алкохолот ве дебелее. Покрај влијанието на калориите од алкохолните пијалоци, изборот на храна што го правите додека пиете и следниот ден се значајни и потенцијално опасни по живот здравствени проблеми“, заклучил докторот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma