Дали смее да се јаде зелена жолчка? Еве зошто понекогаш ја менува бојата и дали е безбедна за јадење

popara18 април, 20231min00
360175_zumanceshutterstock-672379903_ff

Времето на велигденските празници дефинитивно е време кога јадеме повеќе варени јајца од вообичаено, а често се случува кога ќе го излупиме јајцето и ќе посакаме да го јадеме, да видиме дека жолчката станала зелена.

Дали е опасно да се јаде зелена жолчка и дали треба веднаш да се фрли?

Како што објаснуваат научниците, зелената жолчка не е опасна по здравјето.

Исто така, не ја достигнуваат оваа боја бидејќи има проблем со јајцето, туку тоа е последица на начинот на варење на јајцата.

Имено, зелениот прстен околу жолчката настанува кога јајцето ќе го изложите на превисока температура. Водородот од белката доаѓа во контакт со сулфурот од жолчката и се формира зелено соединение.

Ова главно се случува кога го варите јајцето предолго или кога водата содржи повеќе железо.

За да ја избегнете оваа необична појава, извадете ги јајцата 12 минути откако водата ќе зоврие и ставете ги во ледена вода за да го запрете процесот на готвење.

А зелената жолчка иако изгледа грдо, можете слободно да ја јадете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma