Како што дознаваат светските медиуми, принцот Хари и Меган Маркл, кои не добија покана за овогодинешното Trooping the Color, оваа сабота нема да мафтаат на толпата од балконот на Бакингемската палата.
Денот кој беше избран уште во 1600-тите за датум кога роденденот на британскиот владетел јавно ќе се слави, без разлика кога е неговиот вистински роденден. Оваа година за прв пат ќе го прослави кралот Чарлс III, а на свечената парада, кој самиот ќе го води на коњ, навредениот британски владетел не го поканил својот помал син.
На парадата ќе учествуваат стотици британски војници, а принцот Хари, кој и самиот поминал воена обука и дури два пати бил во Авганистан, би учествувал на истата, доколку не го повредил својот татко со своите јавни постапки.
Хари пред неколку дена беше во Велика Британија, каде пристигна како сведок на судскиот процес против британските таблоиди, а потоа направи се за да избегне средба со својот татко или неговиот постар брат, принцот Вилијам, иако и двајцата беа на само неколку стотини метри од Колибата Фрогмор, каде што принцот престојуваше за последен пат.
Се уште не е официјално потврдена точната причина поради која принцот Хари и Меган Маркл не добиле покана за оваа церемонија, но се шпекулира дека на кралот Чарлс му здодеало однесувањето на разгалената двојка и нивното привлекување внимание на јавноста на сметка на кралското семејство.
Последен пат принцот Хари и Меган Маркл се појавија на Trooping the Color во 2018 година, само еден месец по нивната венчавка и една година потоа, само неколку недели по раѓањето на нивниот син Арчи.