Дали спиете на страна, на грб или на стомак? Ова се најдобрите и најлошите пози за квалитетен сон и здравје на телото

popara19 август, 20231min00
Screenshot_11

Да се пронајде адекватна поза за спиење често е невозможна мисија, па неретко се случува со часови да се вртиме во креветот без да заспиеме. Нови истражувања, меѓутоа, ни откриваат кои се најдобри, а кои најлоши положби за спиење и како тие влијаат на сонот и здравјето воопшто.

 

 

 

 

Положба на фетусот

Тренерот за спиење Елина Винел порачува дека таканаречената фетусна поза треба да се избегнува, бидејќи е штетна за здравјето.

 

„Ако одиме да спиеме во оваа положба, во тој случај на телото му праќаме порака дека се бориме против нешто и дека не е сигурно да оди да спие“, вели Винел, пренесува „Daily Mail“.

 

Таа порачува дека поради тоа е најдобро да се спие во отворена положба, бидејќи на тој начин се отвораат респираторните патишта, што овозможува правилно дишење во текот на сонот.

 

Спиење на страна

 

Доктор Рон Ерлих во својата книга „Живот со помалку стрес“ открива дека спиењето на страна е една од најдобрите положби. Исто така препорачува дека освен перница за потпора под главата, неопходно е да се користи и перница која ќе служи како потпора за телото.

 

„Оваа положба е добра и за системот за варење, посебно ако спиете на левата страна“, вели доктор Ерлих.

 

Спиење на стомак

 

Медицински експерт и професор на Алберт Ајнштајн колеџот, Шелби Харис, смета дека оваа положба е најлоша за нашето тело.

 

„Спиењето на стомак му создава притисок на целото наше тело. Ако спиеме во таа положба, почесто ќе се будиме, вртиме и нема да имаме квалитетен сон. Исто така, спиењето во таа положба може да резултира со болки во мускулите и зглобовите“, изјави Харис.

 

Спиење на грб

 

Многу експерти се согласни дека спиењето на грб е најдобра положба. Помеѓу нив е и докторот Марк Т.Браун.

 

„Луѓето сакаат да спијат на грб. Оваа положба нуди одмор за рамењата и грбот, а благодарение на тоа, лицата кои спијат во оваа поза имаат квалитетен сон“, заклучи Браун.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag