За време на топлите летни денови, многумина спасот го бараат во клима уредите бидејќи тие ги освежуваат собите во кои престојуваме. Клима уредот е најбрзиот начин за разладување на просторијата, меѓутоа, иако температурите се екстремно високи во текот на ноќта и со тоа ни го отежнуваат спиењето, стручњаците напоменуваат дека не треба да се вклучува навечер.
Постојат здравствени ризици поради кои не се препорачува, но има и практични причини поврзани со трошоците и повисоките сметки за струја. Температурата можете да ја регулирате и на други начини, а има јасни причини зошто не е пожелно климата да работи додека спиете.
Исклучување на климата за подобар сон
Веројатно ви се случило да се разбудите треперејќи за време на спиењето и да сфатите дека собата е премногу студена. Алвин Пулинс, специјалист за одржување на домот, вели дека студената соба и удобното опкружување се клучни за добар сон, меѓутоа, премногу студените температури може да го попречат квалитетот на сонот и целокупниот одмор.
Тоа не е се. Вентилатор или клима уред што работи може да предизвика алергии и да ве натера да немате доволно воздух, што исто така доведува до лош сон. Иако воздухот ќе циркулира низ просторијата, експертите забележуваат дека луѓето не се свесни дека циркулираат и грини од прашина, полен и други алергени. Сушењето на воздухот создава и чувство на затнат нос. Доколку имате проблем со насолзени очи, кивање или чешање на грлото, најдобро е да инвестирате во прочистувачи на воздух. Со исклучување на клима-уредот, можете да обезбедите поприродна средина за спиење што е погодна за подобар сон.
Намалување на болката
Оние кои имаат проблеми со болки во зглобовите и мускулите може да се чувствуваат полошо ако клима уредот се вклучи во текот на ноќта, бидејќи тоа може да ја зголеми болката. Концентрираниот ладен воздух ќе ги затегне мускулите, создавајќи грчеви и болки. Може да забележите и дека вратот ви е вкочанет доколку користите вентилатор или ја вклучите климата.
За да ја видите разликата едноставно престанете да ги користите пред спиење. Секако, треба да се консултирате со лекар за да си помогнете кога се во прашање болките во грбот, а потоа да прегледате и дали вашиот кревет и душек се соодветни, бидејќи понекогаш можат тие да бидат проблем.
Заштеда на пари
Намалувањето на употребата на какви било уреди во текот на ноќта, без оглед на цената на електричната енергија, може да доведе до заштеда.
– Со спроведувањето на оваа практика не само што заштедувате на сметките за комунални услуги, туку и ја промовирате долговечноста и ефикасноста на вашата опрема за греење и ладење кога ви е најпотребна – вели Крис Харви, специјалист за греење.
Инаку, други методи на ладење, кои не вклучуваат вентилатори и клима, се душеците за ладење и лесни постелнини, кои експертите ги препорачуваат како алтернатива.