Дали СРЦЕТО ви е здраво: Направете брз тест со ЛАДНА ВОДА и дознајте дали е време да посетите КАРДИОЛОГ

popara20 мај, 20231min00
21887_shutterstock-1518051437_f

На сите им е јасно дека е неопходно да се оди на редовни прегледи, но постои и тест кој можете да го направите дома, а ќе ви ја открие состојбата на срцето

Ќе ви помогне да добиете идеја како функционира вашето срце, направете го овој едноставен трик кој ќе ви го покаже здравјето на вашето срце за само 30 секунди.

Како се прави тестот?

Прв чекор

Земете голем сад кој може да ви ги собере двете раце и наполнете го со ладна вода. Додадете малку мраз за подобри резултати.

Втор чекор

Ставете ги рацете во садот и држете ги точно 30 секунди. Ова ќе ви помогне да научите како крвта ќе реагира кога ќе дојде во контакт со ледената вода.

Резултатот

Ако сте направиле се како што треба, сега е време да ја проверите состојбата на вашето срце. Има се два можни резултати.

  1. Прстите се црвени

Ако вашите прсти се црвени, тоа е добар резултат. Тоа значи дека немате проблеми поврзани со оксигенација во крвта. Вашето срце и циркулацијата на крвта се во ред.

  1. Прстите се бледи или темно сини

Ако прстите ви станале бледи или сини, постои можност да имате проблеми со циркулацијата на крвта. Ова се случува затоа што вашите крвни зрнца имаат ниски нивоа на кислород или затоа што имате проблем да го пренесете кислородот преку крвотокот до срцето, што може да укажува на проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Во овој случај, можете да се обидете да го загреете или масирате пределот на рацете за да ја вратите нормалната боја. Ако тоа не се случи брзо, задолжително посетете лекар. Особено ако за време на тестот почувствувате отежнато дишење, болка во главата или градите, потење, вкочанетост во рамената, нозете, рацете, прстите или петите, вртоглавица, ова е знак дека треба итно да направите преглед.