Бред Пит денеска наполни 60 години, а еден од неговите добри пријатели, актерот Џорџ Клуни, се пошегува на негова сметка.
Имено, Пит и Клуни заедно го продуцираат филмот Волци кој треба да излезе следната година, а ова е прв пат после 15 години повторно да се заедно на филмски сет и добро да се забавуваат. Клуни во интервју за ExtraTV се осврна на нивната обновена соработка, а не пропушти да се пошегува на сметка на својот колега.
“Убаво момче е Пит. Не знам дали сте го виделе одблизу во последно време. Не изгледа толку добро. Сепак, со шминка и визуелни ефекти можеме да го спасиме”, се пошегувал тој.
Инаку, Клуни на премиерата на The Boys in the Boat откри дека Пит сака да се шегува на филмскиот сет. “Моите шеги би можеле да траат засекогаш, но неговите шеги се до коска. Тој користи валкани трикови”, открил актерот.