ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Студените раце укажуваат на овие ПРОБЛЕМИ!

popara4 јануари, 20231min00
640796_ruke_f

Кога температурата на воздухот е ниска, нормално е рацете да ни се ладни. Меѓутоа, ако рацете ни се постојано смрзнати и не можеме да ги загрееме, тоа е знак дека телото е во проблематична состојба, како што се проблеми со циркулацијата и други, бројни болести.

Промената на бојата на кожата на рацете и чувството на пецкање се сигнали кои укажуваат дека треба што поскоро да се обратите на лекар.

– Причини може да има многу. Лекарите препорачуваат пред сè да се откажете од лошите навики, како што е пушењето. Почнете да спортувате и следете ги препораките на лекарот. Редовно следете го крвниот притисок и нивото на холестерол – советуваат експертите.

Ова се најчестите здравствени проблеми на кои укажуваат ладни раце:

Анемија

Ако се чувствувате слабо, уморно, имате главоболка, а рацете ви се хронично ладни, може да имате недостаток на железо во крвта.

Тироидна жлезда

Хипотироидизмот или неактивна тироидна жлезда го успорува метаболизмот, што резултира со студени екстремитети или чувство на студ.

Дијабетес

Трнење во дланките и стапалата и студенило може да бидат првите знаци на дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот, но и на нервниот систем, поради што е придружен со овие појави.

Стрес

Кога сме под стрес, адреналинот кој се произведува во надбубрежните жлезди скока, ги стеснува крвните садови, па циркулацијата е послаба, а рацете и стапалата се постудени.

Лупус

Уште една автоимуна болест може да биде виновник за студените раце, имено системски лупус еритематозус, кој предизвикува воспаление на зглобовите, тетивите и другите ткива и органи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag