Еве што велат бројките!
Љубителите на нумерологијата велат дека оваа „наука“ е доста сериозна и дека „погодува“ како од шега.
Кога станува збор за интимните навики, одредени нумеролошки аспекти покажуваат интересни резултати, а луѓето зад броевите 5 и 8 имаат прилично изразен еротски апетит.
Прво, утврдете го вашиот „животен број“ со собирање на датумот на раѓање. Ако сте родени на 12.12.1992 година. ќе го пресметате вашиот личен број на овој начин: 1+2+1+2+1+9+9+2=27 потоа повторно соберете, 2+7= 9. Значи, личноста родена на овој датум е родена под бројот 9.
Сепак, само три броја имаат изразен сексуален апетит.
Овие поединци се благословени со изразена еротска енергија што ја проектираат на различни начини.
Сакаат фантазии и се прилично слободни кога станува збор за водењето љубов. Поради нивното силно либидо, тие имаат тенденција често да ги менуваат партнерите, како и да дозволат сексуалната енергија да ги преземе нивните животи.
По природа тие се оптимисти, друштвени луѓе, полни со енергија кои уживаат во секој аспект од животот.
Шармантни со добра смисла за хумор, овие луѓе лесно создаваат познанства и воспоставуваат блиски односи.
БРОЈ 5
Страсни и во постојана потрага по љубов, овие луѓе како магнети привлекуваат внимание каде и да се. Имаат потреба постојано да експериментираат, па често одат во крајности. Водењето љубов со нив има многу моќна и силна улога во животот и често е на врвот на нивните приоритети.
Со возраста, нивниот интимен апетит расте, па се очекува врвот на ова поле да го достигнат дури во доцните триесетти.
Често се впуштаат во флерт и најчесто се грижат за својот физички изглед, а познати се по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.
БРОЈ 8
Поради преголемата потреба за интимност, овие луѓе често се во центарот на скандали. Ќе направат прељуба, но не поради емоции, туку исклучиво поради нивното либидо, над кое често немаат контрола. Имаат проблем да постигнат блискост во емотивните врски поради преоптеретеност со страсти.
Ако не водат љубов доволно често, стануваат фрустрирани, па дури и агресивни.
Овие луѓе се познати и како големи кариеристи, многу амбициозни и подготвени да ги надминат моралните пречки за да стигнат до својата цел.